Агро Ели го отвори шестиот маркет, лоциран е на пазариште (фото видео)

Петар Печков

Агро Ели го отвори шестиот продажен објект, четврти во Велес. Лоциран е во близина на Градскиот пазар, под спортска сала на Благој Кирков. Агро ели има уште два маркети еден во населба Чашка и еден во Скопје, близу Католичката црква.  

„Имаме голем асортиман на производи по поволни цени. Тука е палетата производи на велешката компанија Кристал со најниски цени во градот, на масло за јадење, маргарин, алва.  И останатите производи се со многу конкурентни цени. Го поканувам сограѓаните да повелат и пазарат“ кажа Софија Лазова од Агро Ели.

Така  следната седмица маслото за јадење во овој маркет се продава по цена од од 92 денари за литар. 

Работното време е од 7 до 20, 30ч. од понеделник до сабота, недела и државен празник неработни.  Маркетот е на корисен простор од 140 м2 со што се продолжува ширењето на продажната мрежа преку современи простори.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати