Девет велешки занаетчии добија финансиска поддршка од локалната власт

Петар Печков

Локалната власт со финансиска помош  за дефицитарните занаети и занаети во изумирање во општината.  Девет велешки занаетчии добија финансиска поддршка од Општина Велес за развој и унапредување на својот занает.

„Оваа мерка за прв пат се реализира во општината и со неа  се дава конкретна поддршка на луѓето чија работа е да ја чуваат традицијата, умешноста и препознатливиот дух на градот. Општина Велес продолжува да вложува во локалниот економски развој преку поддршка на занаетите кои се дел од нашето богато културно наследство“ – порачаа од локалната власт.  

На деветте занаетчии им се исплатени по 15 илјади денари. Изборот беше по аплицирање од страна на занаетчиите, за оваа субвенција. Неа ја добија фурнаџија, ковач, изработувач на накит, пирограф, клучар, грнчари, клучар, изработка на народни носии... 

фото Општина Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати