Петар Печков
Објавено: среда, 19 август 2026
Одисејата на патниците на возовите од Македонски железници е без крај. Иако се рекоонтруираше пругата Скопје – Злеениково, која според надлежните овозможува поголеми брзини, во пракса се покежува дека нема промени.
За ова реагираше патничка која за 2 август Илиден, била со семејството во манастирот Св. Илија во Карабуниште. На враќање за Веелс доживела голгота. Некои од патниците биле со мали деца а возот на станица Пчиња ги чекале 3 часа. Требало да стигне во 17, 30ч.
„На 2 август бевме кумови на манастирот Св. Илија во Карабуниште. Кога се враќавме го чекавем возот три часа. Бевем 15 души, меѓу нив дете со посебни потреби, бремена жена во 7 месец. Имаше и други мали деца на 4, 8, 10 и 13 години. Срамота за македонска железница“ – напиша патничката.
До селото Карабуниште нема друг превоз освен со воз, железница, но станицата е долу далеку од селото. Има земјен пат кој е несигурен и лош за користење.
Во прилоги видео од патник кога возот доцнел 3 и пол часа на патувањето до Гевгелија.
