Програма за новоградби на Хабитат Македонија во Велес

Петар Печков

Хабитат Македонија распиша објава за пријава на семејства кои ќе аплицраат за нови станови, во нивната нова зграда во населбата Тунел, Велес.

Ce повикуваaт заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.

Оваа покана се однесува на избор на вкупно 16 семејства кои ќе бидат вклучени во Програмата за новоградби. Програмата обезбедува 16 нови станови со површина од 45 до 72 m2, во објект што е во фаза на изградба во населбата Хабитат во Велес.

Потребните информации и документи за пријавување се достапни на: веб-страницата www.habitat.org.mk или во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 4а, стан бр. 1, приземје), во периодот од 27 март до 20 април 2026 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Рокот за доставување на документите е најдоцна до 20 април 2026 година, до 15:00 часот. Документите се доставуваат: лично во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес, или по пошта во канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје (ул. Никола Парапунов, бр. 41, комплекс Макотекс 1 кат, П.ФАХ 407, 1000 Скопје). Во предвид ќе бидат земени само документите кои се доставени во наведениот рок.

Заинтересираните семејства може да извршат увид на становите со претходна телефонска најава.
•    Канцеларија Велес 071/269-453,
•    Канцеларија Скопје 02/3061-890.

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.

Услови за финансирање во Програмата за новоградби во Велес, услови и упатство за вклучување во Програмата за новоградби во Велес повеќе детали,  тука 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати