Започнува изградбата на подземна катна гаража, која треба да го реши проблемот со паркирање во центарот на Велес (фото)

Петар Печков

Деновиве ќе започне изградбата на подземната катна гаража во центарот на Велес. Од вчера започна расчистувањето и оградувањето на просторот на постојниот паркинг пред Основен суд Велес, по што ќе следи почетокот на градежните зафати, најави градоначалникот Колев.

Изведувач на работите е градежната фирма Делта пром од Велес која ја поседува потребната лиценца за работа на објекти од „Б“ категорија- на општинско ниво. Изградбата ќе биде  заедно со „Стентон градба“ од Битола, бидејќи станува збор за голем и специфичен за градба објект.

„Ова е еден од најголемите градежни зафати во поновата историја на Велес, за кој долго време се зборува, кој граѓаните долго време го очекуваат. Со овој проект ќе помогнеме со паркирањето во централното градско подрачје. Изведувачот е воведен во режим на работа, имаме и времен сообраќаен режим, ќе имаме времено паркирање.  Очекуваме дека во период од 9 до 12 месеци подземната катна  гаража ќе биде готова. Не само поради големината на инвестицијата, туку и поради барањата при изградбата. ИЗИС направи проект зз заштита на јамата, ќе се прават шипови за нејзина стабилизација “ – одгoвори градоначалникот Марко Колев, на прашањето од ТрМр..

За изградбата на подземната гаража која ќе биде на три ниво, Општина Велес аплицираше до Министерството за локална самопурава и доби 131 милион денари, средства од Унгарскиот кредит. Капацитетот е за 100 возила.

Површината на катната гаража е 1.508 м2, влезот  е од улицата Гоце Делчев. Таа ќе биде на длабочина до 13м. Остануваат зо закон заштитените скривници на Дирекцијата за спасување и заштита, како и дуќаните пред Основен суд Велес.

Во втората фаза, по завршувањето на подземната катна гаража, ќе се врши уредување на плоштад на местото од сегашниот паркинг.

Бројот на обезбедени паркинг места е 100 возила од кои три се возила за лица со посебни потреби и две се предвидени за електрични возила. Соодветно на потребата и обезбедување на 100 паркинг места е решен пристапот во гаража и внатрешниот сообраќај во објектот со периметрално бочно поставена една рампа за влез и излез.  Подземниот паркинг по вертикала е распореден на  три нивоа.

На забелешките од стручните лица, архитекти градежници, дека во централно подрачје не треба дa се гради ниту катна, ниту подземна гаража, оти така нема да се избегне гужвата во сообраќајот и загадувањето кое тоа ја предизвикува, градоначалникот кажа дека постапката е завршена  и не се можни никакви измени.

фото цртежи ЛИНЕА III

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати