Откако пред три месеци го забрани увозот на маргарин од велешка Маслодајна во Србија, тамошната влада ја укина забраната која беше втор пат за една година,

Петар Печков

Од 4 март Српската Влада дозволи увоз на маргарин од Македонија, откако во декември лани го забрани. Со оваа одлука беше погодена велешка Маслодајна како еднистен прозиводител на маргарин во земајва, иако колиечствата што ги извезуваше во Србија, беа далеку помали отколку што Македонија  ги  увезуваше од северниот сосед.

„Десетина дена работиме на произвдство на маргарин кристал за српскиот пазар.  Забраната негативно влијаеше на нашето работење. Очекувам дека нема понатаму да имаме вкави пречки во работата“ – кажа Горан Лазов директор на Кристал 1923.

Откако неколку години работеа на извоз на маргаринот на пазарите во Србија  тој беше во  континуиран пораст, од 141 тон во 2021, до  до 317 тони во 2023. Српската Влада во два наврати го ограничи увозот, лани  на 8 март  кога донесе одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделско-прехрамбени производи“ и потоа на 3 декември со исто образложение. Така лани Маслодајна извезе само 120 тони маргарин во Србија.

Србија го штитеше  нејзиното домашно производство на начин што го ограничуваа увозот со квоти на масло и маргарини од Македонија а во исто време, кај нас беше овозможен слободен увоз на масло и маргарини од оваа соседна држава, со што се создаде нелојална конкуренција.

Според производителот „Кристал1923“ ваквата одлука на Српската влада претставува грубо кршење на трилатералните договори склучени во рамките на иницијативата Отворен Балкан пoмeѓу Македонија, Србија и Албанија, но и ЦЕФТА догворот,  со кои беше овозможен непречен и слободен проток на земјоделски и прехранбени производи помеѓу овие држави. Иако  од Маслодајна реагирале во два наврати до  нашата  Влада, немало никави реакции, па забраната останала.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати