Петар Печков
Објавено: петок, 19 јули 2024
Резултатите на приватната акредитирана лабараторија, ФУД ЛАБ до Скопје, покажале дека реката Бабуна во долниот тек може да се користи за рекреација и капење. Примероците на водата за испитување биле земени на 11 јули.
„Хемиската анализа покажа дека водата според испитаните параметри спаѓа во прва класа. Врз основа на анализираниот квалитет на површинската вода, спаѓа во категоријата добра вода. Ова анaлиза се однесува на ешерихија коли и цревни ентерококи“- пишува во извештајот од ФУД ЛАБ, објавен од Општина Велeс, како нарачател.
Претходните години се објавуваше анализата и за квалитетот на водите во реката Тополка и Вардар низ Велес, оваа година такви вредности досега не се претставени во јавноста од градот.