Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 март 2024
Излетнички столови, теписи, маси, покуќнина. Ова е дел од собраниот отпад од страна на вработените во Скил ап Академија за програмирање за деца и Технолошки парк TechUp од Велес. Тие вчера, недела го минаа во еколошка акција, работно по долниот дел на реката Бабуна, излетничкиот дел за велешани.
„Целта на акцијата е превземање на иницијатива за покревање на општествената свест во однос на отпадот кој се остава во природа. Во случајов се исчистија прв, втор и трет вир по текот на реката Бабуна. На местата каде што имаше најмногу отпад се поставија провокативни знаци кои ќе бидат забележани од оние кои би оставиле повторно ѓубре, со цел да не се случи истото“ – изјавија од Скил ап, организатор на настанот. Тие собрале дваесетина вреќи за отпад,
Тие најавуват дека следната еколошка акција која тие ќе ја реализираат, ќе биде со децата, со цел вградување на еко свест уште од најрана возраст.
Фото ФБ/ Скил ап