Петар Печков
Објавено: петок, 08 март 2024
Завршена е санацијата на пругата од Велес до Скопје, која започна минатото лето, откако лани на 21 март беше констатирано дека на делницата Велес - станица Рајко Жинзифов има сериозни оштетувања. Екипи на Службата за одржување на пругите (ЗОП) ги завршиле работите.
„Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот помеѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и брзината од 20 км/час е зголемена на 50 км/час“- соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура.
Тогашниот директор на ЈП МЖ Инфраструктура, Хари Локвенец кажа дека мерењата покажале на делница Велес - Рајко Жинзифов пругата е во лоша состојба и потребна е нејзина рехабилитација.
Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работел на замена на дрвени прагови на делот помеѓу станиците Јане Сандански и Зелениково и прооден колосек во станица Зелениково. Работите биле завршени и по што брзината на возовите од 20 км/час е зголемена на 50 км/час.
Исто така во изминатиот период се работело на замена на дрвени прагови во станица Кадина Река на втор колосек , кој досега бил затворен за сообраќај, истиот е пуштен за сообраќај со што се овозможува вкрстување на возови и зголемување на протокот на железничкиот сообраќај.