Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 мај 2024
На прес конференцијaта на градоначалникот Марко Колев, прашан од ТрМр за уредувањето на центарот на градот и зошто и по шест - седум месеци не се уредуваат тротарите, за кој претходно рече дека не биле обезбедени средства со проектот, објаснувањето е следно:
„Со проектот не било предвидени поставување на бехатон на проширените тротоари. Поднесено е барање до канцеларијата на ЕУ во Скопје, од заштедените средства во десегашната реализација на проектот, да се пренаменат за обезебдување на поплочување на тротоарите. Ако се биде во ред, според планот, улицата 8 Септември треба да биде затворена за сообраќај од 17 -18 часот до 23-24 часот, од 15 јуни, до крајот на распустот. Планираме дел од содржините за културни настани летово, да се одржат токму на тој простор“ – кажа градоначалникот Колев.