Петар Печков
Објавено: четврток, 21 март 2024
Извидниците од ИО Димитар Влахов и учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведоа зедничка акција за пошумување на опожарените површини околу езеро Младост. Таа е реализирана преку “Боренка“ волонтерска акција за пошумување опожарени подрачја, а во рамките на 21 март, денот на пролетта и екологијата.
„Акцијата за пошумување е реализирана со поддршка на ЈП Национални шуми кои обезбедија илјада садници јавор и во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија (СИМ) на Сојуз на извидници на Хрватска. Во акцијата учестуваа околу 50 ученици од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски“ кои засадија садниците на терените на локалитет езеро Младост“ – кажа Ангелче Гушев старешина на одредот ИО Димитар Влахов и професор во „Коле Неделковски“.
Како дел од програмата за едукација за заштита на животната средина СИМ во 2022г. започна со имплементација на акцијата БОРЕНКА – нацртај го своето дрво, волонтерска акција за пошумување опожарени подрачја.
Ваков тип креативно волонтирање со цел активно вклучување во заштитата на животната средина веќе шеста година успешно се спроведува во Република Хрватска под името БОРАНКА и досега има мобилизирано приближно 12.000 волонтери од земјата и во моментов ја има титулата за најголема волонтерска акција во Европа.