Набавката на машината за бележење на хоризонтална сигнализација мина без никакви реакции, жалби во постапка и изборот - кажа градоначалникот Колев

Петар Печков

Истрагата на СВР Велес  за набавката на машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, на патишта во велешко завршила и таа покажал дека нема нешто спорно, објави на денешната прес конференција градоначалникот Марко Колев.  

„Од моите  усни контакти и со лица од СВР Велес и од МВР ми беше кажано дека истрагата покажала дека нема нерегуларности при набавката на машината. Во писмениот одговор добиен утрово од СВР Велес, тоа е некако заобиколено, без конкретен одговор. Тие по серијата натписи во медиумите, по допрен глас, дојдоа и ја побараа документацијата за набавката.  Целта на нападите во медиумите кои се случија беше оцрнување на мојата функција која ја извршувам и мене лично. Досега не сум се обратил јавно на прес за бројните прозивки, но за овој случај реагирам“ - кажа Марко Колев градоначалник на Општина Велес.

Тој соопшти дека после подолги истражувања на службите било одлучено дека е потребно да се нави специјализирано возило за сопствени потреби,  за одбележување на хоризонтална сигнализација. Неговата набавка според податокот презентиран пред членовите на Советот е 2,6 милиони денари.

„Вакви или слични машини има набавено  во Општина Битола, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Илинден, Центар. Такви машини имаат и приватни фирми кои работат со големи инфраструктурни   работи. Секоја година општина Велес плаќа помеѓу еден и два милиони денари за бележење на улиците. И после три дена, имавме реакции дека одбележувањето го нема, бојата исчезнува.  Затоа и ја набавивме, дека ќе заштедиме средства. Машината ќе почне да се користи кога временските услови ќе се подобрат бидејќи е потребно температурата да биде +15 степени Целзиусови“ - рече Колев.  

Тој потенцираше дека законската регулатива била почитувана а никој немал забелешки на постапката и изборот.   

„Спроведена е законска јавна набавка, за која никој немаше реакција дека има нешто спорно. Таа беше извршена според техника спецификација, и ниту еден технички оператор имаше жалба, по што таа беше порачана.  Ниту имаше проблем кога се носеше ребалансот на Буџетот, не беше никаков проблем кога се спроведуваше постапката, ниту кога се набави машината. Проблем немаше и едногласно Советот  донесе одлука за нејзино префрлање од Општина Велес на користење на ЈКП Дервен. Машината е набавена од реномиран американски производител „Греко“ најдобар во светот.  Не е набавен автомобил со кој градоначалникот ќе се  вози, туку машина која ќе им служи на граѓаните во следните 20 години“- рече Колев.

Тој го повика и ОЈО Велес да постапи за овој предмет и истражи. На новинарското прашање дали и колку пати и за што е повикуван во ОЈО Велес, Колев одговори.

„Не сум реагирал на сите удари, за да не сфатат граѓаните дека се жалам,  плачам, ги трпам на своја кожа и не возвраќам. Во првата година од мојот мандат, инспекции обвинителство, немаше случаи и пријави, не беа пракса. Но лани 2023 години, по позитивните реакции на граѓаните за мојата работа се појавија и бројни поплаки.  Сите пријави што ги добиваа институциите  лани во полиција и обвинителство се анонимни и се за банални работи. Скоро и сите да се отфрлени. За илустрација ОЈО Велес  бара одобрение за градба на потпорниот ѕид на Кумановска, кај Битолска пруга, а истото го има на страницата за Јавни набавки“ - рече Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати