Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 јуни 2024
Патничкиот воз од Скопје, кој вчера недела попладне во 16,55ч. тргнал за Гевгелија се расипал на отворена пруга после станица Рајко Жинзифов околу 17,35ч. Патниците кои се возеле со него а ги имало доста, оти беше недела, останале таму се до 21ч и повеќе, кога возот сепак успеал да се придвижи и стигнал до железничка станица Велес.
Но не било дозволено да се упати кон Гевгелија, поради страв да не се расипе повторно, па патниците кои биле во него со комбе биле превезени за Гевгелија или железничките станици кои се на оваа релација, по должина на пругата. Ова предизвикало да денес нема ниту утрински воз кој во 4,40 тргнува од Гевелија за Скопје, а во Велес е во 6,27ч.
Од МЖ уверуваат дека попладне ќе има патнички воз од Скопје за Гевелија, а со тоа и утрински, утре од Гевгелија за Скопје. Треба да сообраќа патнички воз, локомотива со патнички вагони, додека тој што се расипал неделата попладне бил електричен од кинеските.