Површинската вода на езеро Младост е исправна и може да се користи за капење и рекреација, покажаа резултатите од две лабаратории, иако по неа плива материја која дава лоша слика и ги брка капачите

Петар Печков

Резултатите од анализата на водите на езеро Младост покажуваат дека тие се исправни и дека може да се користат за капење и рекреација, освен една плажа. Локалната власт на Општина Велес,  попладнево ги објави резултатите од испитувањата на површинските води кои ги извршија  две независно една од друга,  здравствени лабаратории,  акредитираната лабараторија ФУД ЛАБ од Скопје која ја испитувала водата  на четири плажи и Центарот за Јавно здравје Велес  (ЦЈЗ) за две плажи.

ФУД ЛАБ примероците на вода за испитување ги земал на 11 јули.  Единствено кај површинската вода на Бела вода според микробиолошките индикатори  регистрирано е присуство на  цревни ентероколити и ешерихија коли со  вредности кои   ги надминува границите за добра вода, додека за  хемиска анализа покажала дека е во  прва класа, како и останатите води од трите други плажи.   Брод Панини, Градска плажа и плажата Романтик имаат идентични резултати, водата според  хемиска анализа е во прва класа, а микробиолошката анализа покажала дека е водата  одлична.  ФУД ЛАБ ја анализирала водата и од реката Бабуна, во долниот тек и резултатите покажале дека  според хемиска анализа е во прва класа а по  микробиолошка анализа е  водата е добра.

Центарот за јавно здравје Велес ја испитувал водата од две плажи,  плажата Романтик и Градска плажа каде испитувањата покажале дека  водата е  микробиолошка одлична а според  физичко-хемиски својства, може да се користи за капење и рекреација.  Примероците  вода биле земени на 28 јуни.  

ЈВП Лисиче, како концесионер на водата, побара од ЈНУ Хидробиолошкиот завод од Охрид, да изврши анализа на водата од акумулацијата, на различни нивоа, површинска, при дното и во средината, каков е квалитетот. Резултатите треба да стигнат оваа седмица.   Бидејќи по површината на езерото плива материја, која дава лош изглед, таа ги одвраќа капачите па езерото годинава нема посетители преку ден. Доаѓаат навечер, бегајќи од градската жега и минувајќи го времето на летниковците. Д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје  уште пред еден месец кажа  материјата која плива по езерото, не е опасна и штетна, освен што е грда слика и треба да се отстрани.

„Тоа се отпадоци од алгите, од трските. Езерото Младост не е природно езеро  и не се самопрочистува, тоа е акумулација. Треба човечкиот фактар да помогне, со чистење на крајбрежјето во водениот појас,  така ќе се ослободи површината на  езерото. Фекалии не се,   тоа се органски материи остатоци од алгите, трските, нивниот цвет. Човекот треба да помогне со нивно отстранување“- кажа примариус  д-р Петрова. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати