Петар Печков
Објавено: вторник, 30 јули 2024
Акумулацијата, вештачко езеро Младост крај Велес, умира. Ова е еден од заклучоците на ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид, по добиените резултати од испитувањата на водата од езерото. Според нив материјата која плива по површината е органска, слузава топка, од отпаден растителен материјал. Причината за ваквата состојба на езерото е нискиот, мал процент на присутен кислород во водата, што не овозможува процес на дишење на живиот свет, како растителен така и животински, што е опасност за негово угинување. Ниските кислородни концентрации не овозможуваат нормално одвивање на процесот на деградација на органската материја, присутна во еко системот. На длабочина од 14 метри не е измерено присуство на кислород во ниските слоеви на водата.
„Отсуството на кислород во езерото претставува голема опасност по живиот свет кој живее во него и е основна причина за негово изумирање и исчезнување на еко системот. На длабочина од 14 м. водата има интензивен мирис на сулфур, поради неразградба на органските материи, а има и високо присуиство на амонијакот кој е производ на на отсуство на кислородот. Имаме интензивен процес на еутрофикација, односно стаареење на екосистемот и тоа под интензивно антгропогоено, човечко влијаение“ - пишува во анализата на ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид. Еутрофни езера се Скадарското во Црна Гора и Балатон во Унгарија.
Анализите кои се претставни во извештајот, се базираат на две испитувања на водата, едните се земени на 14 јуни од страна на вработени на ЈВП Лисиче а вторите се на 4 јули, земени од страна на вработени од Хидробиолошки завод и тоа од површинските води, од длабочина на 7м и на 14 м. потоа на локација близу Отовичка река и близу бродот. И хемиските и микробиолошките резулати од примероците земени во јуни се полоши вредности, отколку тие во јули. Така индикаторите за фекално загадување покажуваат присуство на трите бактерии. Според присуство на колиформни бактерии квалитетот на водата во јуни е во 3 класа во јули во 2 класа. Според присуство на ентерококите во јуни водата е во 4 класа, а во јули површинската е во трета а длабочинската во втора. По присуство на ешерихија коли, по мерења во месеците јуни водата е во 4 класа и јули – во површинскиот слој е 3 класа, а не е регистрирана во длабочините. Сулфидредуцирачките клостридии, индикатор за старо феклано загдување се регистрирани во водите кај заливот, каде истекува Отовичка река, која подог период нема вода и не тече.
„Според добиените резултати водата во акумулацијата е со лош квалитет, ризична за опстанокот на живиот свет во акумулацијата, ризична по здравјето на капачите. Присуството на индикаторите за фекално загадување, укажуваат на човечко влијание врз акумулацијата“ – е оценката на стручните лица од Хидробиолошкиот завод, кој анализата ја правеше по порачка од ЈВП Лисиче.
Во однос на површинската наслага, која плива по водата, од Хидробиолошки завод препорачуват нејзино механичко отстранување. Како спас за акумулацијата се наведува дека е потребно снабдување на езерото со свежа вода, со кислород. Концесионер на водата од езерото е ЈВП Лисиче а концесионер за управување со рибите е ЗСП Бабуна од Велес.
Во текот на јуни и јули, во две меѓусебно независни мерења на квалитетот на површинските води на езерото Младост, приватната лабараторија „Фут лаб“ од Скопје а по барање на општина Велес, и на Центарот за јавно здравје од Велес, дел од нивната годишна програма за работа, покажаа дека водата е исправна за капење и рекреација.