Распишани огласите за субвенционирана набавка на инвертор клими, сончев термален колектор и велосипед

Петар Печков

Локалната власт ги распиша повиците до граѓаните за субвенционирање при набавка на инвертор клима, велосипед и сончев термален колектор.  Изборот во сите три случаи ќе се организира по принципот на „извлекување со случаен избор“.

При набавката на инвертор клима на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка уредот во висина од 30% од вредноста на инвертор клима уредот, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.  Објавата на Јавниот повик е до 08.08.2024 година.

При набавката на сончев термален колектор ,  целта е да ги стимулира жителите за помала потпрошувачка на електрична енергија во домаќинствата,  на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик трае до 09.08.2024 година.

При купувањето на велосипед, на барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик трае  до 07.08.2024 година.

Подетални информации за повиците може да се најдат тука:

Велосипед

Инвертор клима

Сончев термален колектор

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати