Се набавува урбана опрема за уредување на новото сообраќајно решение во ценатарот

Петар Печков

 Општина Велес  го распиша тендерот за  набавка на урбана опрема, која ќе се постави  во центарот на градот. Таа е дел од проектот „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ финасиран од ЕУ.

„Започнува тендерска постапка за набавка, поставување и функционалност- пyштање во употреба на урбана опрема – паметни елементи, во кои спаѓаат 4 паметни автобуски постојки, 4 смарт соларни клупи, 4 смарт автобуски информативни табли,  2 подземни контењери со смарт систем, 10 електрични велосипеди со 1 стационар со смарт брави за заклучување, 4 полначи за електични возила“ – соопштија од Општина Велес.

Тендерот се објавува во рамки на Проект „Паметни решенија Велес – продолжуваме“ договор со   IPA/2021 склучен помеѓу Општина Велес, како водечки апликант и реализатор на проектот, СЕГ Холдинг како партнер и Европската Комисија во рамки на Програмата ИПА 2020  “Програма за поддршка на општините”.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати