Со „цветни бомби“ за повеќе површини со медоносни растенија (фото)

Петар Печков

Учениците  од ОУ „Васил Главинов“ од Објект 2- лицирано во населба Превалец, се приклучија на акцијата на Слоу фуд Македонија, за зазеленување на природата. Вчера, среда се извршија подготовките, денес четврток акцијата се реализираше.   

Цветна бомба е мало топче составено од комбинација на компост, глина и семиња. Компостот и глината имаат улога на носители на семињата, така што тие можат да се лансираат преку sидови или огради и во недостапни области како што се запуштени локации или железнички пруги.

„Во пресрет на пролетта, со цел да живееме во чиста средина со богат биодиверзитет  учениците се приклучија на пролетната офанзива „Фрли цветна бомба“. Да им помогнеме на пчелите, да засадиме што повеќе медоносни растенија. Нашето училиште се наоѓа во непосредна близина на фабриката која произведуваше вар. Нам ни требаат повеќе цветни површини. Насмеани детски лица,си нивните вредни раце подготвија цветни бомби од растенија кои се медоносни за пчелите а воедно и прочистувачи на почвата и воздухот. Во грутки земја, оставивме семиња од багрем, сончоглед и диви ливадски цвеќиња, кои потоа беа фрлени кон голите површини, а  растенијата  лесно можат да се прилагодат на условите за расадување. Денес на денот на пролетта, цветните бомби беа  фрлени од детските рачиња во пределот помеѓу реката Тополка и Варницата“ – кажа лила Арсова наставник во ова училиште. 

Училиштето  е единствено од Општина Велес кое  втора година се приклучува на акцијата. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати