Среде јуни во градот измерени вредности дека воздухот е загаден

Петар Печков

Иако се наоѓаме во период кога се присутни високите температури, во градот изминатите два дена, 12 и 13 јуни се измерени високи вредности на ПМ10 честички. Така во средата среднодневната вредност е 56,2 микро грама на метар кубен, додека во четвртокот средно дневната била 59,5 мг на м3. И во двата дена тоа е повисока вредност од граничната 50 мг на м/3 .

Засега нема објаснување од надлежните, ниту од екологистите, на што се должи ова зголемување на нечистиот воздух во Велес. Ако е до температурите, тоаш вакво загадување нема регистриано во градовите јужно од Велес, каде исто така имаше висока температура. Во Скопје вредносите се поделни, во некои општини се повисоки, во други пониски.

Со зголемувањето на температурите, во април и мај, само по два дена во Велес  имаше измерени вредности над граничние од 50 мг/м3. Додека во зимскиот период и по 15 до 20 дена велешани дишеа нечист воздух.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати