Штрајк на вработените во ЈП Национални шуми

Петар Печков

Плати за вработените во ЈП Национални шуми нема, но затоа пари има за  нови службени возила и за 450 нови вработувања. Ова беше кажано на денешната прес конференција, на која беше соопштено дека де илјади вработени се во штрајк, бидејќи немаат земно плата за јануари а се приближува рокот за исплата и на февруарската.

„Последната плата која ја добија вработените беше декемвриската и таа намалена линеарно са 6,8 илјади денари, кои деновиве биле доплатени. Недостоинствено е во услови на секојдневно на зголемување на трошоците на живот, вработените да не добиваат плата.  Барањата не се само исплата на плата, туку и испата на теренски надоместоци за повеќе месеци. Ако раководството не може да исплати палта нека поднесе  одговорност и оставка“ - кажа Слободан Трендафилов претседателот на ССМ.

Штрајкот на вработените се довива во работните простории. Странките кои доаѓаа во ШС „Бабуна“ од Велес беа вратени без можност да ја завршат нивната потреба, со образложение дека е во штрајк во текот на целиот работен ден, до 7 до 15ч.  Пред три седмици, кога претставници на ССМ биле на разговор со раководството на ЈП Национални шуми, било ветено дека плата ќе биде исплатена следниот дена. Оттогаш минале 20 денови, но плата немало.  

„Раководството на ЈП Национални шуми секој пат има изговор за неисплатените плати. Изговор е дека чекале позјамица, пари кои треба да ги вражаат овие колешки и колеги  или финансиска инјекција до Владата.     Ако веќе некој е менаџер на ЈП треба да биде способен да вработените да им  исплати плата. Пред некое време ова ЈП имаше тендер за набавка на службени возила  а платата не е исплатена.  Неодамна се вработија 450 лица а лицата кои до бргу одеа во партија и бараа работеа, сега доаѓаат во синдикат и бараа плата“- додаде Трендафилов.     

Состојбите со ЈП Национални шуми, претходно Македонски шуми, се повторуваат. Пред десетина година беа исто така во финансиска криза, па имаше штрајкови. А во ова ЈП се повторува масовно вработување на стотици лица, на одреден број години. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати