Никола Солев
Објавено:
сабота, 04 март 2006
981
Националниот избор за \"Песна на Евровизија\" ќе се одржи на 26 февруари, во едно од студијата на МРТВ, а на него ќе се изведат 20 композиции. Листата на изведувачи ја сочинуваат: Калиопи, Маја Оџаклиевска, дуетот Есма и Адријан Гаџа, Бојана Атанасовска, која ќе отпее три песни, Елена Ристеска, Аднан, Ламбе Алабаковски, Ева Нединковска, Петар Механџиски, Филип Јордановски, Наташа Гулевска, Арчи, Ибрахим Исламоски, групите \"Багаж\" и \"Панта реи\", Наташа Мијатовиќ, Еднин Бишевац и Дариа Илиевска. Песните ги одбра стручно жири составено од маестро Илија Пејовски (претседател), Трајче Органџиев, Авни Велиу и Сузана Павловска, вработени во МРТВ. - Целта на организаторот е овој избор да биде промоција и фер натпревар на таленти и афирмирани имиња од областа на популарната забавна музика, чија крајна цел е нашиот претставник достојно да ја презентира Република Македонија на Евросонгот што ќе се одржи на 20 мај во Атина - истакна директорот на МТВ, Јане Теохаревски, на вчерашната прес-конференција. Победничката композиција ќе биде избрана по пат на телефонско гласање, што МРТВ целосно ќе го препушти на Македонски телекомуникации и на двата мобилни оператора \"Космофон\" и \"Мобимак\". Одговорот на барањето упатено до Македонски телекомуникации во врска со можноста за ограничување на бројот на повици при гласањето и од фиксната и од мобилната телефонија, МРТ ќе го добие за десет дена. Ако евентуално падне системот за гласање, за победникот ќе решава 9-члено жири. Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2969&stID=71856]Дневник[/url]