Петар Печков
Објавено: четврток, 09 јули 2009
- Вардар од влезот во Велес до изелезот има присуство на амонијак, нитрити што укажува на органски материи од санитарии. Оваа година го проверуваме и присуството на фосфатите, поради употреба на детергентите, а резултатите покажуваат вредности што укажува дека и нив ги има во повисоки вредности во реките Вардар низ градот, Тополка после Превалец и Бабуна после кланица – велат од ЗЗЗ Велес. Заради отстранување на овие материи надлежните посочуваат дека е потребно да се изградат пречистителни станици на Тополка кај Превалец и кај Горно Јаболчиште. Наодите од водите на езерото Младост покажуваат дека тоа е препорачливо за капење и покрај високата матност, што е резултат на присуство на алгите.

