Петар Печков
Објавено: вторник, 14 април 2009
Според обвинението Спасов се товареше за две кривични дело за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години, бидејќи блудничел врз две сестри близначки повеќепати во текот на една година, почнувајќи од септември 2007-та до август 2008-та.
Деан Спасов Делчо ги пречекувал двете единаесетгодишни близначки да се вратат од училиште, па ги носел во визбата во зградата каде што живееле или во неговиот стан. Тој ги примамувал девојчињата така што им ветувал дека ќе им даде по 40 денари, а откако ќе ги извршел блудните дејствија им плаќал по 10 денари. При тоа им се заканувал дека не смеат да кажуваат никому. Педофилот се соблекувал гол, а потоа ги допирал девојчињата и ги принудувал орално да го задоволуваат.
Сите овие наводи во обвинението пред судот се докажани од сведоци, девојчињата како и судските вештаци, поради што е прогласен за виновен и му е изречена мерка затвор. До правосилноста на пресудата тој останува во притвор.
Неодамна во Основниот суд во Велес на богомилчанецот Трaјче Петковски (53 год) му беше изречена казна во времетраење од 15 години за педофилија. Тој сексуално малтретирал 12-годишно девојче од селото а подоцна е утврдено дека тој сексуално се изживувал и врз неговата 12-годишна ќерка, двете ученички во училиште за деца со посебни потреби.

