Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2008
Со задоволство можеме да кажеме дека ,,Кристал,, е бренд на македонскиот пазар, било тоа да е маслото за јадење или маргаринот во коцка. Наредна важна работа во фабриката ќе биде модернизација на производниот процес бидејќи тој последен пет е обновен во 1976-тата година – изјави Никола Варадинов извршниот директор на АД Благој Ѓорев. Тие на пазарот нудат и висококвалитетни кондиторски производи, прочуените велешки локум и алва како и оцет. Од годинава тие ја отворија и вратата за извоз на комплетниот асортиман во Албанија. Велешка Маслодајна започнала да работи во далечната 1923 година како работилнциа за шарлаган, втора на Балканот по таа во Загреб а нејзини сопственици било семејството Органџиеви. Раководството се пофали дека привршува со плаќањето на откупените 5 илјди тони сончоглед, по највисока цена во регионот по 22 денари за килограм, наспроти 13 во Бугарија и Србија, но не жалат што го платиле така, бидјеќи сакаат да го вратат ова индустриско растение на македонските полиња.
