Велешка питијада по петти пат

Петар Печков


Во ресторанот Снупи се одржа петата по ред манифестација „Велешка пастрмајлија“, која годинава немаше натпреварувачки карактер но затоа имаше како и досега хумана димензија.

Средствата од продадените пити и вино беа наменети за семејството Алиовски кое на 1-ви јануари добија тројка девојчињата Зурафета и Брут и машкото Булут,  таткото Асан и мајката Џејлан се невработени. Тие добија 46 илјади денари, од кои од манифестацијата беа собрани 36, што е за сите овие години наназад најмногу и плус 10 илјади донација од општината.

Таа заедно со фондацијата Фокус се организатори на „Велешка пастрмајлија“. На неа беа изедени околу 500 пити и се испија повеќе од 120 литри вино. На манифестацијата учестуваат рестораните Снупи, Тивка ноќ, Баже пити, Жито Вардар, хотел Романтик, хотел Монтенегро како и винариите Тиквеш, Еленов, Николови, Велвин.

Меѓу бројните гости на „Велешка пастрмајлија“ беше и велешанецот Веселин Петровски, кој веќе 10 години живее во местото Гарфилд, САД, но не пропушти при престојот во родниот град да го вкуси овој специјалитет, за кој американците абер немаат а толку многу им недостига на нашите во туѓина.

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати