Во Велес започна да се снима филм за Пресвета Богородица

Петар Печков

Во дворот на црквата Св. Пантелејмон во Велес започна снимањето на играно-документарниот филм „Благослов од заштитничката“ посветен на Пресвета Богородица, под покровителство од Повардарската Епархија.

- Филмот е посветен на животот и чудата на Богородица и работен според нејзиното житие. Во него ќе бидат раскажани и животите на шесте светители, чии имиња ги носат неколку цркви во Велес, Св. Никола, Св. Јован, Св. Димитрија, Св. Петка, Св. Пантелејмон, Св. Недела – најави Весна Димитровска која заедно со Татјана Гоговска се автори, режисери и сценаристи, првата на играниот, втората на документарниот дел.

Филмот е во продукција на Кат-продукција. Премиераta се најавува за февруари месец наредната година a во филмот настапуваат освен авторката Весна Димитровска која ќе ја толкува Богородица и Роберт Велјановски, Роберт Ристов, Соња Јаќовска, Драган Миладиновски, Ѓорги Бисерков - Дампе, Валентина Божиновска. 

\"\"

\"\"

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати