Петар Печков
Објавено: среда, 19 март 2008
- Ова не е завршеток на проектот, напротив се додека има потреба невладините организации се тука за да помогнат каде што треба, најмногу за децата – изјави Александар Кукулев координатор на проектот организиран од Фондацијата „Фокус“. Со него освен облека и постелнина за децата беа обезбедени сликовници, прибор за јадење, лектири, играчки а според потребите на одделението наскоро ќе стигнат и неколку специјалистички апарати. Началникот на одделението педијатар д-р Зорица Тодоровска се заблагодари на сите кои помогнаа во опремувањето.
- Добро е што граѓаните и поединците ја забележале потребата на ова одделение од дополнително доопремување. Ова за дечињата пациенти ќе значи олеснување на нивната болка, можност преку игра да заборават зошто се тука – изјави д-р Тодоровска.
Во текот на проектот поголемиот дел од средствата се собраа од хумантарен ракометен натпревар, тивка аукција, питијадата и донаторски касички поставени во трговската мрежа во градот.
