Започна изградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“

Петар Печков

Во Велес започна да се гради црква, прва во градот по 150 години. Камен темелникот го поставија и ја осветија митрополитите Тимотеј и Агатангел. Таа ќе го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк и е дело на архитектот Тодор Паскали од Охрид. Храмот на лик ќе биде по пример на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта-струшко, ќе има 500 метри квадратни површина. Ќе се гради во византиски стил, еднобродна со кршен камен и со камбанарија која ќе биде надвор од објектот. - Храмот не е само место за богомолење, туку возвратен дар кон Бога за се што прави кон нас. Затоа не случајно нашето најскапо и најдрагоцено благо се манастирите и црквите, по кои светот не препознава - изјави владиката Тимотеј вршител на должност Митрополит на Повардарската Епархија, пред многубројните верници и граѓани на Велес. Храмот „Св.Кирил и Методиј“ во неговата вредност како објект ќе чини 100 илјади евра кои се обезбедени од донации, меѓу кои и таа на Трифун Костовски вредна 57 илјади евра претходно наменета за црквата Св.Памтелејмон. Црквата планирано е да биде готова догодина за 24 мај, денот на „Св.Кирил и Методиј“ но сеуште не е затворена финансиската конструкција за олтарот кои ќе биде во дрворез и за фрескоживописувањето на иконите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати