Петар Печков
Објавено: петок, 26 јуни 2009
Пред судскиот совет Гркот рече дека претрпел страв од нападот и изрази задоволство од висината на досудената казна. Обвинетите, кои побараа веднаш да одат во затвор и да ја издржуваат казната, му се заблагодарија на судијата Илија Танев за изречената пресуда. Нивниот адвокат Борче Стојановски изрази задоволство од висината на казната и од тоа што на Тања Даиловска и е укинат притворот до правосилноста на пресудата, бидејќи имала мала ќерка за која морала да се грижи. Според обвинението, Даиловска од порано се познавала со Гркот и му наоѓала девојки за забава.
Таа минатиот месец се договорила со странецот да се сретнат во Богданци. Тој дошол, девојката влегла во автомобилот на Гркот и тргнале за Гевгелија. По пат таа запалила цигара, иако од порано знаела дека тој не дозволувал такво нешто во возилото. Странецот го сопрел автомобилот и ја отворил вратата, но тогаш дошол Веле, кој му ставил нож под грлото. Истовремено во автомобилот влегол и Александар, по што разбојниците побарале од странецот да им даде пари. Гркот успеал да се оттргне, а во мешаницата бил расечен и почнал да крвари. Двајцата напаѓачи го искористиле моментот и од автомобилот одзеле штеки цигари, две кутии со чоколади и мобилен телефон.
По разбојништвото Гркот и девојката заминале за Гевгелија и го пријавиле случајот во полиција, по што било утврдено дека и таа била соучесник во грабежот.
