Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2008
Гимназијата како најстаро средно училиште во земјава ќе го задржи своето ниво. Какви ќе биде условите за сите ученици, такви ќе бидат и за децата кои сакаат да учат на албански, затоа нема за едни да ги намалувам потребните поени, а за други не – изјави директорката Стефка Богоевска. Ова доаѓа по реакциите на родителите на децата албанци кои годинава за прв пат треба да го продолжат образованието на мајчин јазик во Гимназијата. Во првиот уписен рок беа примени 20, 10 отфрлени поради послаб успех. За истата паралелка да профункционриа потребно е да се запишат минимум 25 ученика а во велешко годинава завршија 64 осмоодделенци во Бузалково и Горно Јаболчиште.
