Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 декември 2008
Второто место му припадна на Дарко Ранговотов државен репрезенттивец во мал фудбал, член на ФК „Гемиџии“.
Третото место го освои Елена Андреева, одбојкарка на Борец Комерлинг и државна репрезентативка во овој спорт. Натаму на оваа листа се наоѓаат: Маја Нацева ракометарка, Марјан Бабунски кајакар, Ивица Илиев ракометар, Никола Џампалов спортски риболовец, Валерија Ваљак фудбалерка, Димче Андов фудбалер и Елица Радевска голман на ФК Борец.
Во екипните споротви првото емсто го освои кајак кану клубот „Вардар“ пред женскиот ракометен клуб „Леов Бартек“ и трети беа спортсктите риболовци од „Бабуна“.
Награда за тренер во сениорска категорија освои Димче Стефановски во кајак и во Тоше Нацев (фудбал) во млади категории.
Признанија добија и младите спортисти кои не се рангирани но со нивните резултати заслужуваат внимание: Јованче Јанковски атлчетичар, Кристина Наковска ракометарка, Игор Стефановски кајакар, Емилија Ивановска одбојкарка, Костадин Петров велоспедист, Клементина Војдиновска карате, Матеј Митев одбојкар, Мартина Атанасова фудбалерка, Бобан Давчевски мал фудбал и Ивица Лазаровски ракометар.Во екипна младинска конкруанција признанија добија како најдобра екипа Атлетски клуб „Изгрев“ второ место кајак кану клуб „Вардар“ и трета е женската одбојкарска екипа на Борец Комерлинг. За работата во 2008-та како спротски известувач награда доби новинарот Орце Николов од телевизија Канал 21. Изборот беше направен до Сојузот на спортови на Велес а под покровителство на општина Велес.
