Изречени првите четири казни за оставање на отпад на јавни површини во Велес

Петар Печков

Изречени се првите казнени мерки за оставање на смет и шут на јавни површини во градот информираа од локалната власт на Велес. Четири лица и фирми ќе платат глоба помеѓу 30 и 150 евра бидејќи не го почитувале Законот за управување со отпад.

- За жал дел од нашите сограѓани не се однесуваат совесно кон животната средина и не градат култура на градска средина, поради што моравме да ги изречеме првите глоби – изјави Билјана Манаскова Шуркова локален инспектор за животна средина. Таа заедно со полицијата изрекла казни за фрлање на отпад од пакување и за фрлање на градежен шут во урбана средина. Инспекторите на општина Велес, заедно со СВР Велес откако два месеци ги предупредувале сограѓаните да ги почитуват законските нормативи и го острануваат ѓубрето, од почетокот на неделава започнале да пишуваат и казни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати