И децата имаат право на подобра здравствена услуга

Петар Печков

Соба за интензивна нега при детското одделение беше предадена во употреба во ЈЗУ Општа Болница Велес.

Со неа се овозможува квалитетно лекување на децата од општина Велес, бидејќи таа е опремена со најсовремена и квалитетна медицинска апаратура, што досега ја немаше во велешката Болница. При опремувањето водено е грижа таа да ги задоволува и потребите на децата со хендикеп.

Опремувањето на собата која нуди итна помош за децата во итни ситуации  и градежните активности беа со финансирани од Амбасадата на Германија во Скопје а иницирана од Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.  

Креветите кои се со специјална намена пак се донација на Брако од Велес. Претходно игротека, соба за дневен рпестој на најмалдите, во детското одделение опреми и фондацијата Фокус преку проектот „Насмевка во пижами“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати