Петар Печков
Објавено: недела, 30 август 2009
Ова посебно било впечатливо во текот на викендите кога бројот се зголемувал а со тоа и опаснсоста од нивното брзо возење. Поради ова тие бараат сообраќајната полиција да превземе мерки да се застане на пат на овие пловни објекти.
Командирот на полициската станица Велес е изненаден од овие реакции но најавуа дека ќе го испитаат случајот.
- Во Велес има двајца регистрирани сопственици на скутери Леов и Перков. Првиот веќе подолго време не се користи на велешкото езеро, додека вториот вози во близина на неговиот брод. Но сепак ќе излеземе на терен за да видиме колку и кој тоа лудува по водите на езерото - изјави Александар Костов командир на полициската станица во Велес.
Тој очекува дека со почетокот на учебната година, ќе се намали бројот на капачите а со тоа ќе приврши и сезоната, но тие ќе сторат се за да се застане на пат на евентиуалните дивеења на скутерџиите.

