Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2008
Тампонирани се 58-те локации до кој е доведена струја а деновиве ќе бидат поставени и подвижните санитарни тоалети, со што ќе се овозможи гостите да постават приколки или шатори и летуваат – велат од општина Велес. Минатата година тука престојуваа годишноодморци од Велес, Скопје, Штип, Свети Николе, за цена од 100 денари за 4 дена, 1,5 илјади за еден месец до 3,5 илјади денари за три месеци. На овој простор покрај брегот на езерото беа планирани да се изградат два авто кампа, но на тендерот од Министерството за транспоrт и врски не се јави ниту еден заинтересиран, по што општина Велес и годинава ќе стопанисува со овој простор.

