Петар Печков
Објавено: петок, 09 јануари 2009
Фирмата е регистрирана од белграѓанецот Борис Коленц непосредно пред тендерот за продажба, на Британските девствени острови со почетен капитал од еден милион евра. По добивањето на одлуката на Апелација, новиот сопственик е должен да ги уплати парите во рок од осум дена, по што тој и правно ќе стане сопственик на МХК Злетово а ќе се отстранат дилемите во јавноста дека поради ниската цена на оловото и цинкот на светските берзи тие повеќе немале интерес за превземање на комбинатот.
Ваквата одлука на Апелациониот суд од Скопје, велешките екологисти ја окарактеризиираа како „смрттна пресуда за градот“ ја осудија и најавија дека правото на здрав живот ќе го бараат пред меѓународниот суд во Стразбур. При неодамнешната посета на Велес, помошник министер за животна средина Соња Лепиткова најави дека за евентуален рестарт на Топилницата ќе се бара „А“ интегрирана дозвола и дека тие ќе го почитуват законот а во таков случај ќе биде мошне тешко, скоро невозможна мисија да се добие дозвола со ваква опрема во објектот.
На тендерот за продажба учествуваше и турска компанија, но нејзината понуда не беше отворена по што беше дискавлификувана бидејќи уплатила помалку од сумата, еден милион евра која се бараше со тендерот. Откако оваа одлука турците ја обжалија и добија, тие неочекувано го подигнаа депозитот се повлекоа и си заминаа.
