Мики Маус наполни 80 години

Петар Печков

Најпознатото глувче на светот Мики Маус го прослави 80 години. Своето деби го имаше во цртаниот филм „Парабродот Вили\" во дамнешната 1928 година, а набргу потоа стана икона на империјата на Дизни, која и денес е омилена фабрика за забава на деца.

Волт Дизни своевремено призна дека најголемата заслуга за „Светот на Дизни\" ја има токму ова симпатично глувче. „Со години учествуваме во авантурите. Се надевам дека никогаш нема да заборавиме дека, всушност, се\' започна од едно глувче\", изјави Дизни.

Мики Маус оживеа на 18 ноември 1928 година во цртаниот филм на Дизни „Парабродот Вили\", што воедно беше и првиот цртан филм со тон. Мики е првиот од цртаните ликови на кого Волт Дизни му даде глас, а во 1935 година првпат се појави во боја.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати