Недела 5-ти април втор круг гласање

Петар Печков

Конечно е разрешена дилемата за вториот круг гласање за локалните избори а по негласањето на 5 избирачки места кои на 22 март не беа отворени поради снежни наноси.

В недела 5 април ќе се гласа во општина Велес за втор круг градоначалник, помеѓу Аце Коцевски од СДСМ, ЛДП и НСДП и Горан Петров од ВМРО-ДПМНЕ и за втор круг претседател на Република Македонија помеѓу Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски до СДСМ.

Во петте избирачки места, Џедимирци, Рудник, С`лп, `Рлевци и Сливник ќе гласаат за втор круг градоначалник и за листите за советници. На овие избирачки места има 405 запишани гласачи и нивниот број на гласови може да влијае на составот и  на идниот Совет на општина Велес кој беше избран по првиот круг.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати