Петар Печков
Објавено: петок, 22 февруари 2008
За оваа цел локалните власти на продуцентот му ја отстапија големата сала на Општината каде наредните четири дена ќе се прикажува филмот. Бидејќи во Велес киното не работи две години, а поради желбата на Митевска, нејзиниот филм премиерно да се прикаже во градот каде го снимаше и каде е сместена животната приказна на трите сестри, Советот одлучи да ја издаде салата на Општината за кино-прикажување на филмот.
Велешани ќе можат да го следат со по две проекции на ден, од 26-ти до 29-ти фебруари со почеток во 18 и 20 часот. Цената на билетите 120 денари а ќе може да се набави во ресторан „Снупи“ спроти Младински парк.
За премиeрата е најавено и присуство на дел од актерите и екипата на „Јас сум од Титов Велес“. Продуцентите минатата година ја добија најголемата општинска награда 9-ти Номеври, за филмот, во кои го прикажуваат животот на сестрите во загадениот индустриски град кој изумира.
Филмот освои награда од жирито со кое претседаваше актерот Џереми Ајронс, на Саревскиот фестивал, беше прикажан во Торонто, на Берлинскиот фестивал, викендов се прикажува на ФЕСТ во Белград.
