Опасни шумски штетници ја напаѓаат шумата во велешко

Петар Печков

Опасни шумски штетници ја напаѓаат шумата во велешката околина. Поради нивното брзо размножување тие се закана по големиот фонд на зимзелени дрвја.

- Боровата осица и боровиот четник, само околу езерото Младост зафатија површина од околу 60 хектари шума. Тие се во четврти претпоследен стадиум на развој,  по кој преминуваат во гасеница и можат да направат ненадомесливи штети на овој  рекреативен појас околу градот – посочуваат шумските стручни лица.

Според нив, овие штетници ги брстат иглите на дрвјата и го успоруваат развојот на дрвјата кои потоа за некоја година ќе се исушат и изумрат. Посебно е лоша состојбата во велешкиот регион, кој има мали површини со шума, кој по ова би биле десеткувани.

Стручњаците потсетуват дека исто како и пожарите, така и овие штетници ја уништуваат шумата. Затоа тие бараат итна акција од надлежните во Министерството за земјоделие и шумарство, но и од граѓанскиот „еко“ сектор кој би помогнал во уништување на боровата осица и боровиот четник.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати