Петар Печков
Објавено: недела, 03 февруари 2008
Платнените спортски обувки со едноставен дизајн, во црно - бела боја, со тенок гумен ѓон, во прво време биле гледани со голем скептицизам. Многумина се прашувале колку ќе траат, колку се удобни или пак дали се прилагодени за сите временски услови...
Но најдобрите тимови и играчи на НБА лигата, икони на рок’н’ролот, уметници… ги носеле токму „старките“.
Денеска овој бренд го слави својот 100-ти роденден, како едeн од најголемите и најбарни брендови во светот. Секоја година во светот се продаваат по околу 30.000 чифта „старки“.
Во педесеттите години од минатиот век, „старките“ станале дел од униформите на американските затвореници, додека во осумдесетите влегуваат во светот на модата. Кој ги немал едноставно не бил во тренд и тоа секаде низ светот. Во 21 век доживуваат „comeback“, па така со iPhone и iPhod може да се видат и високи бели „старки“.
Овие спортски обувки влегле и во Гинисовата книга на рекорди. Еден Американец, сопственик е на колекција од дури 403 чифта различни модели.
