Поранешниот градоначалник на општина Чашка в затвор

Петар Печков

Поранешн?от градоначалник на општина Чашка, Димче Андреевски (42 год) доби 18 месеци затвор за злоупотреба на службената должност.

Него судијката Габриела Гајдова го прогласи за виновен и освен што ќе лежи в затвор ќе треба на општината да и врати 1,5 милиони денари. Според обвинението Андреевски во периодот 2001/2 додека се градела фекална канализација во селото Мелница, иако таа не била завршена, на фирмата „Дипломат“ од Велес и платил 2,1 милион денари а било сработено за само 600 илјади денари.

Андреевски кој беше градоначалник на општина Чашка во периодот 2000-2005 се наоѓа во затвор за други две правосилни пресуди, исто за злоупотреба на службена должност, со вкупно година и половина затвор но и обврска да врати 800 илјади денари на локалната власт.

Против него општина Чашка поднесе шест кривични пријави а за дел од обвиненијата процесот сеуште не е почнат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати