По 7 години чекање, предадени клучевите за сопствениците на зелената зграда

Петар Печков

На триесет велешани сопственици на становите на улица „Енгелсова“ вчера им беа врачени клучевите од нивните нови домови.

Ова е прва зграда изградена за комерцијални цели во Велес по пауза од 20-тина години финансирана  од ЈП за стопанисување со  станбен и деловен простор. Новите сопстеници чекаа седум години  за да се вселат во становите, откако уште во 2001-та ги уплатиле парите.

- Им благо?арам на трпението на сопствениците и им се извинувам што толку време чекаа за да се вселат во оваа зграда – изјави Марјан Стефановски директор на подрачната единиана ЈП ССДП во Велес.

Зградата има 30 стана со квадратура од 50 до 80 м2 а цената бепе 510 евра од метар квадаратен. Сите станови одамна се продадени.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати