Петар Печков
Објавено: вторник, 15 јули 2008
- За предлагање на нови точки на дневниот ред потребно е истите да се достават седум дена пред нејзиното закажување или да се образложи итноста кога се стават пред самиот почеток. Во случајот со новите точки кои советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги предложија не е сторено, затоа ја одложив седницата. Новото мнозинство е рефлексија на парламентарните избори и има законско покритие но не ја одразува желбата на избирачите од локалните избори – изјави Трајко Бабунски, претседател на Советот на општина Велес. Новоформираното мнозинство реагира на прекинот и побара одржување на нова седница на која ќе се разгледуваат точките за разрешување и именување, поради кои се случи разијдувањето.
- Немаше законска основа за прекин на седницата на Советот. Затоа поднесовме барање од осумина советници за нова седница која би се одржала за две недели а би се верификувал новиот распоред на силите во локалната власт и би се извршиле промени на одредени личности – изјави Славчо Чадиев, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните нови членови, Бејхан Мемдов од Демократската партија на турците и Саит Јакупи од ДУИ, припадници на малцинските заедници, објаснија дека преминот од една во друга колаиција ова го сториле по барање на партијата и централата во Скопје. Претходно трансфер имаа Никола Нацев од ВМРО-Македонска и Зоран Ѓуровски до Зелената партија,
