Промоција на локалитети Кале и Манастир

Петар Печков

Нова поставка во археолошкото одделение на Народниот музеј во Велес со движни предмети од локалитетите „Манастир“ и „Кале“ како и промоција на две монографии се резултат на неколкугодишната работа на археологот Трајанка Јовчевска на овие два простора. Тоа се два значајни научни трудови кои го обработуваат бронзеното време и енеолитот, претставува едно од позначајните презентирања на погребувањето е и единствено дело кое го истражува овој период во археолошката наука на територијата на Република Македонија а по значењето ги надминува границите на Македонија, истакна промоторот мр. Златко Видески.

- Манастир кај селото Чашка, велешко,  е еден од ретките целосно истражени локалитети  во Македонија и со добиените податоци кои недостигаа, може темелно да се анализира македонската праисторија.Со извршените проучувања тој е поставен за важен археолошки пункт на праисторијата на Балканскиот полуостров за  крајот на бронзеното време. Во монографијата имаме одлично обработен, презентиран и интерпретиран материјал а Јовчевска дава комплетна слика  и организација на работата и животот во некрополата,за период кој во Македонија не е документиран – изјави  Видевски. Погребувањето на покојните во некрополата Манастир е направено со кремирање на мртвото тело, што е спротивно на дотогашната традиција на инхумирано погребувањеа заедно со телото на мртвито носени се хран и напитоци. Од проучувањата  се констатира дека животниот век на групата бил низок, 30 години, и е забележана висока детска смртност. Вториот локалитет кој е презентиран е Кале – Стари град, каде се обработуват две неолитски куќи и лоциран е на тешко достапен но доминантен простор.



- За овој локалитет е важно што е анализиран економскиот момент на живеењето, основните стопански гранки-земјоделието и сточарството како и споредни стручни занаети.  Луѓето што таму живееле се бавеле со обработка на камен, коска, рог а најважно им било керамичкото производство. Тоа ја прави оваа куќа значајна бидејќи е втора во земјава, стручно и комплетно  истражена – вели Видески.  На  локалитетот Кале  во три сектори откриени се куќа од енеолитот, куќа од античкито период и средновековна  некропола со црква, што зборува за континуитет од енеолитот до 14-тиот век.  
            
Со новата поставка на археолошкото одделение во народниот музеј во Велес, претставени се 50- тина експонати од куќниот инвентар на енеолитската куќа која потекнува од пред 3 000 години пред н.е.,од локалитетот Кале кај Стари Град, велешко. Збирката содржи од керамички предмети до разни орудија кои се користеле за секојдневните потреби. Направена е и реконструкција на основата на куќата. Има недвижни предмети и од некрополата Манастир.



- Се надевам дека со моето истражување и работа кое траеше седум години и со овие две монографии успеав да го  го доближам времето кое го прикажувам. Доддов и дополнителни моменти со цел да се добие цеолсна слика за двата локалитети. За Манастир,за кремирањето кои се причините за таквото погребување а за Кале како течел таму животот и со што се занимавале тие – изјави авторот археологот Трајанка Јовчевска, која на македонската но и светската јавност и е позната по откритието на музичкито инструмент, единствената глинена фелјта, окарината.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати