Свечено отварање на Хидросистемот Лисиче

Петар Печков

Дваесет годишниот сон на велешани стана стварност, откако свечено беше предаден во употреба Хидросистемот Лисиче, кој треба да го снабдува градот и регионот со вода за пиење. Тој започна да се гради во далечната 1987-ма година, останува сега езерото да се полни со вода. Свечениот чин на завршување на овој капитален објект вреден 65 милиони евра, каков велешани немаат добиено, го означи премиерот Никола Груевски.

\"\"

- Ова е настан од огромно значење и паметење на општините Велес и Чашка. Свесни за значењето кои Хидросистемите ги имаат за квалитетно водоснабдување и со кој ќе се стави крај на недостигот на вода, дадовме приоритет во обезбедувањето на потребните финансиски средства за негово завршување. Тој ќе служи за наводнување на 4 илјади хектари плодна земја како и за ревитализација на езерото Младост - изјави премиерот Груевски.
\"\"

Тој најави дека Владата тука нема да застане, во наредната фаза планира изградба на систем за наводнување кој ќе чини 25 милиони евра и изградба на две хидроцентрали. Хидросистемот ќе има големо значење за развојот на економијата во регионот.

\"\"

- Ова е комплексен систем кој оформува комплетна целина, вода за пиење  за 50 илајди жители, за наводнување на земјоделски површини во следните 50 години, производство на електрична енергија, работи кои се важни како импулс за развој на целиот регион - рече Радојко Цветановски директорот на ЈП Лисиче. 

\"\"

Тој се гради 20 години, чини 65 милиони евра. Езерото ќе собира 24 милиони метри кубни вода, водата ќе се акумилира од реките Тополка и Врановска и се очекува во средно врнежлива година тоа да се наполни во наредните осум месеци. Завршувањето на ХС за неговиот прв директор и човек кој бил вклучен во реализациајта на идејата  е исполнување на животниот сон.

- Ова е историски момент за велешани бидејќи без вода нема живот а сега тоа прашање е решено. Тоа што го започнавме во далечната 1987 година, по многу стручни, обемни и квалитетни анализи сега заврши. Морам да кажам дека велешани покажаа голема свест кога решија од својот џеб да одвојат средства за решавање на проблемот со вода. Тие години градот повеќе немаше отколку што имаше вода за пиење - изјави Борче Мимов, поранешен директор на ЈКП Дервен и член на Извршниот совет на општина Велес, кога била донесена одлуката за изградба на ХС Лисиче.

\"\"

Граѓаните на Велес во двата самопридонеси учестуваа со 10 милиони евра а со исто толку и Кралството Шпанија со кредит за машинската опрема. Шпанскиот амабасадор во земјава Хозе Марија Тасо АлТорес тоа го објасни со пријателските односи меѓу двата народи и желбата на неговата земја да и помогне на Македонија и подобрување на квалитетот на животот на нејзините граѓани.
loading...

Поврзани »

loading...

Се наградуваат најубаво украсен излог, двор и тераса

Општина Велес ќе додели награди за најуспешна празнична илуминација по повод новогодишните и Божиќните празници:

  • Најубав излог
  • Најубав двор
  • Најубава тераса.

Наградата е во паричен износ од 15.000 денари за секоја категорија.


Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати