Св.Јован Крстител, Маркова меана, најстара црква во Велес??

Петар Печков

На верскиот празник Св.Јован велешани одат и палат свеќи за здравје во црквата Св.Јован, кај народот позната како Маркова Меана. Црквата се наоѓа стотина метри јужно од вливот на реката Тополка во Вардар и исто толку метри северно од манастирот Св.Димитрија.

За да стигнете до неа мора да минете низ кругот на Крзнарата Димко Митрев. Изградена е на карпа што и дава посебна убавина и значење иако однадвор е тешко препознатливо дека тој е објект е црква. За жал и внатрешноста е без многу верски обележја, фреските се излупени и оштетени иконостасот е како така сочуван. Нема податоци кога таа е изградена, ниту кога фрескоживописана, кој е авторот на градбата и иконите. Од тоа што може да се види, и според црковните запсиси се претпоставува дека таа мошне стара, ако не и најстарата црква во градот, од византијско време изградена за потребите на населението од Стар Велес, кои живелo на Калето. До храмот бил изграден мост кој го спојувал населението од Калето  со Пазарот. Црквата најмногу е оштетена при изградбата на пругата Солун Велес кон крајот на 19-тиот век. Во неа биле сместени мајстори, кои многу ја уништиле внатрешноста. Нејзината повшина е околу 16 м2 а висината 6 метри.

Името Маркова меана се поврзува со народното верување дека тука доаѓал, јадел и пиел Крале Марко, што наведува на времето кога таа е изградена. Црквата Св.Јован велешани иако малку ја знаат, бидејќи е скриена во кругот на фабриката, а ја посетуваат токму на овој ден Св.Јован  крстител 20-ти јануари но и на 11-ти септември Отсекување на главата на Св.Јован крстител.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати