Се санира карпата над црквата Св Пантелејмон

Петар Печков

Започнаа градежните активности за санација на карпата која се надвиснуваше на црквата „Св.Пантелејмон“ во Велес. Проблемот по неколкугодишна неизвесност започна да го решава локалната власт заедно со  УНДП, програмата за развој на ОН. Со поставување на заштитна мрежа и изградба на потпорен ѕид, ќе се спречи карпата да се лизне и сруши врз два века стариот храм. Цел е да се заштити објектот, кој е една од карактеристиките на градот, а општина Велес започна градежна активност откако четири години Управата за културно наследство само најавуваше, но ништо не превзема како конкретна мерка за обезбедување на црквата. Таа проблемот за решавање го префрлаше во Дирекцијата за справување со кризи.

- Изработивме техничка документација за заштита на храмот Св.Пантелејмон, бидејќи повеќе не можеше да се чека. Имаше потреба од брза реакција и ова е најадекватно решение во овој момент. Колкава е финансиската конструкција ќе се знае откако ќе заврши санацијата – изјави Јадранка Стефкова, портпарол на општина Велес.

Градежните работи ги изведува ГП Изгрев од Велес и тие ќе работат на санацијата еден месец. Општината учевствува со сопствени средства во висина од 200 илјади денари, додека остатокот е од УНДП а нивното учество ќе се знае на крајот од изработката, бидејќи станувало збор за специфичен проект кој при реализацијата ќе бара измени на финансискиот план.

Проблемот со карпата над црквата се актуелизираше пред пет години, кога една со големина на автомобил се стркала и падна, но за среќа уништи неколку гробни места и дел од кујната а храмот го промаши и остана недопрен. На ридот над црквата остана уште една, далеку поголема, тешка неколку десетина тона. Стручњаците тогаш тврдеа дека причина за одронот е природната градба на теренот, кој се создавал со години но е потребно брзо решавање, кое и по пет години го немаше.

- Карпите се стари и можни се вакви појави. Никој не може да каже дали и кога би се откинала поголемата карпа. Тоа е природен хазард. Ниту може да се предвиди каде би се одрониле и стркалеле деловите ако таа се лизне. Затоа е потребно итно да се отстранат критичните делови од карпата – изјави Милорад Јовановски од скопскиот Градежен факултет при паѓањето на карпата. Во очекување на една такво решение, отстранување на критичните делови, локалната власт заедно со УНДП, реши да ја заштити црквата од можно лизгање на карпата. Според стручњаците да се предвиди дали и кога огромната карпа може да се откине и падне, е исто како да се прогнозира земјотрес. Имаше предлог таа да се отстрани со нејзино уништување со динамит, но ова решение според стручњаците носеше опасност од детонациајта и парчињата камен да се оштети храмот и околните куќи, па се отфрли како неприменливо.

Црквата Св.Пантелејмон е изградена во 1840-тата година од Андреја Дамјанов и таа е споменик на културата. Со нејзините 810 м2 спаѓа меѓу најголемите преродбенски цркви на Балканот. Таа е трикорабна базилика, со посебно впечатлив ентериер и акустика.

\"\"

\"\"

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати