Петар Печков
Објавено: недела, 25 мај 2008
Шкотскиот фудбалски првак пехарот го доби со хеликоптер откако прашањето за најдобриот се решаваше во Абердин и Данди. Шкотската фудбалска федерација заради регларност најмила летало каде го чувала пехарот. Хеликоптерот бил на половина пат од Абердин и Данди, градовите каде се играле решавачките двобои. Фудбалерите на Селтик од Глазгов станаа прваци на Шоктска откако на гостувањето ја совладаа екипата на Данди Јунајтед со 1:0. Нивниот главен конкурент екипата на Глазгов Ренџерс киксираше на гостувањето во Абердин каде загуби од истоимената екипа со 2:0. Ова на Селтик му е 42 трофеј. Хеликоптерот полетал со шампионскиот пехар по завршувањето на средбите, за да по половина час му го предаде на фудбалерите на првакот екипата на Селтик. За утеха на фудбалерите на Глазгов Ренџерс е што го освоија Купот на Шкоткса откако во финалето ја победија екиапта на Квин оф Саоут со 3:2, со што ги залечија раните од поразот во финалето на Купот на УЕФА и загубеното првенство.
Шпанските фанови преку интернет ги избраа најдобрите Примера играчи за изминатата сезона. На листата се најдоа пет шпанци –репрезентативци кои ќе играат на ЕУРО 2008, двајца шпанци кои не се на селекторскта листа и четворица странци, сите од Јужна Америка. На голманското место , како и лани се најде Икер Касиљас, централни дефанзивци се Ката Дијаз од Хетафе и Фабрицио Колоќини од Депротиво. Серхио Рамос е најдобар десен бек, додека лев бек е Џон Капдевил од Виљареал. Во тројцата среднисти се најдоа Хорхе Лопез од Сантандер, Хозе Марија Гутијерез од Реал и Андрес Инијеста од Барселона. Во нападот се: Даниел Хуис од Мајорка кој во првенството постигна 27 гола, Луис Фабијано од Севиља со 24 и Серхио Агуеро од Атлетико со 19 гола. Тренерот на Расинг од Сантандер, Марселино во интернет анкетата е избран за најдобар стручњак- тренер.
