Стрип училиште во Велес

Аница Солева

Како израз на дамнешните желби поттикнати од работата на стрип школи во Лесковац, Загреб и во Велес почна да работи постојаното „Стрип училиште“

Околу 20 деца на возраст од 7 до 18 г возраст влегуваат во тајните на стрипот. Двапати неделно тие се собираат во просториите на Стрип центарот на Македонија.Со младите автори работеа едукатори од Стрип центарот на Македонија-Велес.

Завршен е едукативниот дел, а наскоро следи издавање на каталог како и пригодна изложба од самите дела.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Р.Македонија.

Инаку, вреди да се спомене дека оваа организација веќе подолго време е вистинска чадор организација на сите стрип автори и љубители  На тоа посочува фактот дека СЦМ е известен дека е добитник на проекти од страна на две реномирани асоцијации: ЕВРОПСКАТА КУЛТУРНА ФОНДАЦИЈА -Амстердам и РОМСКИОТ КУЛТУРЕН ФОНД -Будимпешта.

Повеќе за овие нови грантови ќе се даде информација во скоро време.

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати